Државниот инспекторат за животна средина изрече казна од три илјади евра за запалената депонија во Велес која гореше два дена.
Државниот инспекторат за животна средина преку својата фејсбук страница соопшти дека во текот на вчерашниот ден, 29 јули, извршил надзор на запалената депонија во Велес која гореше два дена и поради која беше загаден воздухот во градот.
-По надзорот изречена е казна од 3.000 евра во денарска противвредност и издадена е наредба за примена на законски пропишани технички услови, дневно прекривање со земја и 24 часовен надзор, согласно Законот за управување со отпад, пишува во соопштението објавено на фејсбук страницата на државниот еколошки инспекторат .
Исто така тие напоменуваат дека продолжуваат со надзори на општинските непрописни депонии и повеќе нема да опоменуваат туку преминуваат директно на санкции бидејќи граѓаните не смеат да дишат загаден воздух.