Вршеле увид во пожарот на Водно и пронашле сакции со канабис сатива – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/21 4:00 PM

Вршеле увид во пожарот на Водно и пронашле сакции со канабис сатива

Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк – шума „Водно“, на место викано „Марково крувче“, настанал пожар во кој биле опожарени смрека, трева и борова шума, информираат од МВР.

При увидот биле пронајдени и околу 15 саксии со стебла „канабис сатива“ кои биле зафатени од пожарот. Се работи на расчистување на случајот.