Претседателот Стево Пендаровски нема да држи политички говор годинава на Мечкин камен и целосно ќе го промени концептот и времето на одржување на манифестацијата за одбележување на најголемиот македонски празник Илинден.
– Главниот настан на одбележувањето ќе започне место напладне, навечер во 18 часот со што ќе се оозможи сите општествено политички фактори и заинтересирани да дојдат во Крушево. Со ова сакам да испратам силна порака на единство и сплотеност околу вековните идеали на илинденците и да ги заборавиме поделбите, разединетоста и разни скандали со плукање, скандирање и пцовки што ни се случуваа во минатото. Наместо политички и партиски говори нека одекнат пораките од Крушевскиот манифест на актерот Никола Ристановски, песните и ората на Ансамблот „Танец“ и ансамблот на албански ора и песни и гитарата на виртуозот Влатко Стефановски – рече шефот на државата Пендаровски.
Лично се поканети лидерите на сите партии и општествено полтички организации и се очекува голем одзив. За првпат на Мечкин Камен ќе присуствува и лидерот на ДУИ Али Ахм Ахмети.
Столе Наумов


