Над резервоарите за вода за пиење во Кавадарци , ЈП Комуналец ја гради петата мини хидро електрична централа. Ќе се инсталира на водоводниот систем Лукар, од каде Кавададарци, Неготино и Росоман се снабдуваат со вода за пиење. Инвестицијата чини 20 милиони денари, а од општината велат дека истата ќе биде вратена за најмногу четири години, а благодет ќе имаат покрај ЈП Комуналец и граѓаните.
„ Една сериозна инвестиција и еден благодет за граѓаните, но и за самото претпријатие . Бидејќи приходите кои ги добиваме се директни приходи на ЈП Комуналец, а со тоа овозможуваме кавадарчани и општина Кавадарци имаат можност за поевтина вода и поевтини комунални услуги. Со истражувањето се покажа дека може да има и тука мини ХЕЦ со варијабилна моќност на производство на струја од 80 до 150 кв часови. Инвестицијата е од 20 милиони денари на ЈП Комуналец. Очекуваме да се врати од 3 до 4 години. Трајна инвестиција за наредните 30 години“ вели градоначалникот Митко Јанчев.
Претходниот состав на советот на општина Кавадарци донесе одлука петата мини хидро централа на „Лукар“ да се гради преку јавно-приватно партнерство, но ваквата одлука ја поништи актуелниот совет.
„ Ние овозможивме да остане во сопственост на ЈП Комуналец и на општината, па така сите бенефииции ќе ги има општината. Ова е еден благодет. Цевководот поминува по гравитација, немаме никаква дополнителна потрошувачка“ објаснува Јанчев.
Од ЈП Комуналец велат дека сите параметри за инсталирање на петата централа се исполнети.
„ Централата се наоѓа на 30-40 м надмопркса височина има бруто пад од 66,4 м, нето пад од 57,5 м, што значи да функционира една мини централа мора да ги имаме тие два параметри. 50 киловати на час. Водоснабдувањето ќе се одбива беспрекорно“ изјави Орцо Клинчаров раководител на МХЕЦ „Лукар“.
Од организационата единица водовод, при ЈП Комуналец Кавадарци се децидни дека загадување на водата нема да има.
„При самиот проект воден е есап да сите елементи на турбината воопшто не го загадуваат квалитетот на водата ни хемиски ни бактериолошки. Оваа централа се прави на линијата за средна и ниска зона“ вели Петар Камчевски.
Петата мини хидро електрична централа на „Лукар“ се гради после 18 години откако беа изградени првите четири и досега се покажаа како стабилен приход за ЈП Комуналец.
Ангел Данов