Полицијата конечно откри лице како се забавува со огнено оружје – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/18 12:12 PM

Полицијата конечно откри лице како се забавува со огнено оружје

Полицијата откри 32 годишен жител од Тетово како се забавува со огнено оружје. Пукањето во полошко, дело за кое може да се одговара кривично е честа појава, но надлежните ретко можат да ги пронајдат сторителите.

По неколкуте неуспешни обиди, конечно полицијата пронајде лице кој се забавувал со истрели од огнено оружје. СВР Тетово викендов што измина по претходна пријава  дека на улица 121 се пука рафално од огнено оружје во близина на угостителски објект, пристигнала на лице место извршила контрола.Таму бил затекнат 32 годишен жител од тетово. Тој на полицијата и признал дека испукал неколку истрели од гасен пиштол. Оружјето со потврда му е одземено, и лицето е приведено во полициската станица Тетово. Се работи за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветна пријава.

Пукање со огнено оружје, може да преставува и кривично дело во зависнот од тоа какви последици гостинот ќе предивика со пукањето. Полицијата често пати не може да ги пронајде лицата кои се забавуваат со огнено оружје, зато што гостите пред надлежните на СВР Тетово, не ги откриваат лицата кои ги вршат вакви прекршочни и кривични дела.

Најчесто се правдаат дека не виделе кој пукал наводно поради големиот број на присутни гости. Така беше и во инцидентот мината недела, кога на свадба во тетовски Порој гостин испукал неколку куршуми , но домаќинот и кажал на полицијата дека не знаел кој употребувал огнено оружје.

Полицијата но и здравствените работници во неколку наврати алармираа да не се користат пиштоли и друго оружје на свадба, дело за кое може да се одговора, но и да предизвика сериозни здравствени последици  и губење на човечки живот.

Полицијата речиси секој втор ден регистрира пукање на свадбена церемонија, но во реалноста во полошко ретко која свадба поминува без испукани куршуми.

Од заталкани куршуми, минатата недела беа оштетени дури пет возила во пет одделни случаи, а една жена неколку дена пред тоа беше повредена во едната рака од куршум испукан на свадба.

Во 2015 година пак од залутан куршум испукан на свадба, животот го загуби десетгодишно дете од од Гостивар