Полиција на грчките острови каде се „жаришта“ на корона вирусот – Еден од нив е омилена дестинација кај туристите! – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/21 10:05 AM

Полиција на грчките острови каде се „жаришта“ на корона вирусот – Еден од нив е омилена дестинација кај туристите!

Грција започна со распоредување полициски единици на најпосетуваните туристички острови, поради ширењето на различни видови на корона вирусот.

Грчките власти го зголемија присуството на полиција на острови како Миконос и Лос, бидејќи расте загриженоста за неуспехот на локалните претприемачи да ги почитуваат здравствените мерки насочени кон борба против пандемијата, објавува британскиот весник „Гардијан“.

„Со делта сојот значи дека секоја земја сега се справува со четвртиот бран, а не како што се очекуваше во ноември“, рече грчкиот министер за туризам Харис Теохарис за Гардијан.

„Иако хотелите и просториите од семеен тип внимателно ги применуваат протоколите, а во кафулињата има се повеќе луѓе отколку што би требало, па затоа се обидуваме да ја одржуваме рамнотежата“, додаде Теохарис.

Околу 186 полицајци беа испратени само на Миконос, наспроти 56 кои беа стационирани таму минатата година.

Во Лос, популарниот остров меѓу младите туристи, вчера беа испратени 30 полицајци со поддршка на службениците за безбедност и тајните агенти.