Со склучувањето на првите два договора со едни од најперспективните млади ракометни надежи и репрезентативци, новоформираниот ракометен клуб Алкалоид го започна процесот на регрутација.
Дваесет и едногодишните Мартин Серафимов, кој игра на позицијата десен бек, и Игор Ѓоргиев, кој игра на позициите централен и лев бек, својата кариера ќе ја продолжат во новоформираниот ракометен клуб, РК Алкалоид.
Новиот македонски ракометен клуб е формиран со цел младите таленти кои имаат потенцијал и желба за игра правилно да се насочат и да се развиваат, во насока на градење врвни ракометни играчи со позитивни животни вредности. Дефиниран систем на функционирање, правилна работа, како и интегритет и кредибилитет во работењето се основните начела за кои се залага овој клуб.
Со организација на стручната работа Алкалоид ќе се стреми да им овозможи на играчите квалитетен и напреден тренажен процес, со цел нивно натамошно развивање и градење како врвни ракометари, кои ќе ги вложуваат своето знаење, искуството и позитивните вредности во македонскиот ракомет.
О.К.