-Благодарение на големите срца на народот, Јаков заминува во Истанбул. Собравме извесна сума но се уште сме далеку од целиот износ. Ние заминуваме, се надеваме дека со ваша помош ќе успееме да ја постигнеме целта која нам многу ни значи. Јаков ве сака сите. Вака пред Интернационалниот аеродром во Скопје Елена Јанакиев ги поздрави сите, објавувајки дека заминуваат за Истанбул, каде треба да продолжи лекувањето на нејзиното синче.
Деновиве се покренаа лавина акции за спас на малиот јаков, кој има само 2.5 години, а зад себе има две операции. Објавувајки ја животната приказна на Јаков ММС упати апел до сите хумани срца да му се помогне на ова мало ангелче.
-Јаков прооде на Онкологија. Првиот роденден го прослави на Онкологија. Прооде на 13 месеци. Од се’ низ што помина овие две години и како реагира навистина е голем борец. Очекував дека и ќе прозбори, но од сето ова што му се случува потешко му оди. Пак зборува ама не е тоа тоа, стравот си го прави своето. Јордан, поголемото синче, на вториот роденден веќе сам цела роденденска песна ја пееше, но на Јаков потешко му оди, рече мајка Елена во интервјуто за ММС.
Надеж секако дека треба да има и во секој проблем таа треба да биде најголема. Така е и кај семејтвото Јанакиеви, кои се надеваат на поддршката од хуманите луѓе да му помогнат на Јаков да го надмине овој голем животен предизвик.