Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи забрани какви било директни разговори со САД, јави иранската државна телевизија.
Тој на таков начин ја одби минатомесечната понуда на американскиот претседател Доналд Трамп за разговори со Техеран без предуслови.
– Забранувам какви било разговори со Америка… Америка никогаш не ги исполнила своите ветувања… само дава празни ветувања… и никогаш не се откажува од своите цели во разговорите, наведе Хамнеи.
Тој додаде дека претставниците на американската администрација „извесен период зборуваат за нас со цинизам“.
– Покрај санкциите (Американците) зборуваат за војна и преговори. По тој повод ќе му кажам на народот: НЕМА ДА ИМА ВОЈНА, НИТУ ПРЕГОВОРИ СО САД, напиша ајатолахот Хамнеи на англиски јазик на Твитер.