Кога телефонот ќе заѕвони, мислам дека е тој: Оливер Драгојевиќ почина на денешен ден, сопругата неутешна – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/21 6:48 PM

Кога телефонот ќе заѕвони, мислам дека е тој: Оливер Драгојевиќ почина на денешен ден, сопругата неутешна

Денеска е годишнина од смртта на пејачот Оливер Драгојевиќ, кој почина на 29 јули 2018 година, по долго и тешко боледување во Сплит.

Неговото заминување ги потресе сите, а неговата сопруга Весна и понатаму не може да се помири со загубата на нејзиниот сопруг, со кого помина речиси 50 години заеднички живот.

– Секогаш ме нарекуваше „жено“, речиси никогаш не ми велеше „Весна“. Тешко уште и денес, не одам сама на неговиот гроб затоа што мислам дека би се онесвестила. И денес, кога sвони телефонот, мислам дека ми се јавува тој – рекла со тага во гласот Весна Драгојевиќ, пренесува Објектив.

Кон крајот на минатата година, по повод одбележувањето на роденденот на Оливер, Весна се огласи за хрватските медиуми и откри како пејачот сакал да ги прославува своите родендени.

-На роденденот на Оливер, ако не врне, најдобро би шетала. Нема да одбележиме ништо посебно, ќе го паметиме, се разбира, секој на свој начин – рекла таа по тој повод и додала дека на Оливер никогаш не му се допаѓале големите прослави на роденденот, но секогаш морал да ги дува свеќите.

Извор: Република.рс