Таеквондо мајсторот Дејан Георгиевски го донесе денес во Македонија среброто од Олимписките игри во Токио. Дејан пристигна на скопскиот аеродром попладнево, а беше пречекан од семејството, од жителите на Бутел, обожаватели и Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт. Големи радости и убава енергија за пречек на среброто на Дејан.
Пред да слета авионо со знамиња и песни се собраа да го пречекаат извикувајки „Деки мајсторе!“ и „Македонија!“.
Главната прослава е вечер на плоштадот „Македонија“ во Скопје, а каква беше атмосверата на Интернационалниот аеродром – Скопје, и во панорамскиот автобус каде се возат победниците погледнете низ фотогалеријата:
Весна Миленковска
Фото: Вангел Тануровски