Штипски театар со премиера на „Крилја” – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/21 3:00 PM

Штипски театар со премиера на „Крилја”

Можеби не ново, но нешто што не е претставено досега пред штипската публика – претставата „Крилја” на режисерот Никола Ристов утре ќе ја има својата премиера.

Моментот кога човекот мора да се соочи сам со себе е фокусот на претставата, нагласи Ристов.

„Крилја” е работена по текст на Артур Колит.

Улогите ги толкуваат Кристина Атанасова Арсова, младата  Стефанија Митовска , која го има својот дебитански настап со за штипјани добро познатата актерска екипа.

На сцената ќе ја почувствуваме и актерската енергија на Милорад Ангелов, Валентина Георгиевска, Миле Вратеовски, Јорднка Тодорова и Миланчо Георгиев.

Со работен ангажман како драматург во оваа претстава после подолг временски период е ангажирана Весна Куслеска.

Заинтересираните претставата ќе можат да ја погледнат премиерно во петок (30.07.2021), на сцената на штипски театар со почеток во 21.00 часот.

Денеска покрај прес конференцијата за новата претстава, на Марија Минчева Андонов и официјално и беше врачена наградата за епизодна улога во „Ова дете” која ја освои на фестивалот „Актери на Европа”.