Бидете внимателни при посетите на Водно, зголемен ризик од пожари поради високите температури – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/21 2:04 PM

Бидете внимателни при посетите на Водно, зголемен ризик од пожари поради високите температури

Поради зголемениот ризик за локални пожари од високите температура и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, Град Скопје апелира до сите граѓани при посета на планината Водно, другите излетничките места и шумите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да одбегнуваат палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.

Денеска е евидентиран ваков пожар на планината Водно, под месноста Марково крувче. Во моментов на терен интервенира Противпожарната бригада на Скопје со 9 возила и екипи од ЈП „Паркови и зеленило“, а причината за пожарот е човечки фактор.

Воедно доколку забележите пожар Ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195.