-Овој масивен одзив на нашата покана да учествуваат на овој настан е силна порака дека Балкан почнува да создава високо ниво на разбирање и дека создавањето витален економски простор е очигледно. Ова е силна политичка волја и заедничка определба за добробит на нашите народи, рече премиерот Зоран Заев на „Економскиот форум за регионална соработка“, што се одржува во Скопје.
-Само со поврзан регион може да се движиме кон нашата заедничка цел членство во ЕУ. Конечна цел е воопшто да нема застанување на границите мегу Србија, Македонија и Албанија. Да го прошириме слободното движењен преку мобилност на студенти и научници. Го слушнавме апелот на бизнисмените и почнавме постапки за сведување на минимум на административни процедури секаде каде што тоа е можно. Го слушаме и го прифаќаме и повикот на деловните луѓе од регионот – „помалку историја – повеќе економија“, за доброто и за иднината на граѓаните. Неуспехот на ЕУ да ги исполни ветувањата е протов интересите на самата ЕУ. Кога ЕУ ке биде подготвена, ние сме тука. Се надевам дека ЕУ ќе најде начин за финансирање на истите, но денес не сум тука да говорам за ЕУ туку за нашите идеи за нашиот европски Балкан, за овој отворен регион. Сите сме Балкан, сите сме европски Балкан. , рече Заев.
Орце Костов