За две години да немаме граници меѓу нас, изјави Вучиќ вечерва во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/21 11:37 PM

За две години да немаме граници меѓу нас, изјави Вучиќ вечерва во Скопје

– Ако за две години дојдеме до точка да немаме граници меѓу нас и камионите да можат слободно да минуваат, како и автомобилите, тогаш ми се чини дека постигнавме нешто за што сонувавме. Не сум сигурен колку сите ќе бидат среќни поради тоа во светот и Европа, но ние ќе бидеме среќни – изјави вечерва претседателот на Србија, Александар Вучиќ,  по разговорите со претставниците на Северна Македонија и Албанија .

Вучиќ, како и албанскиот претседател Еди Рама престојуваат во Скопје, каде ќе учествуваат на Форум организиран во рамките на „мини Шенген“.

– Многу добро се разбираме, гледаме што можеме да направиме заедно. Имаме дводневна средба во Белград. До 15 октомври, министрите треба да исполнат одредени обврски во врска со договорот од Скопје. Ќе видите многу од тоа пред крајот на годината. Во Албанија веќе можете да одите со лична карта. Наше е да направиме што повеќе можеме, изјавил Вучиќ.
Форумот е организиран во рамките на иницијативата „Мини Шенген“, која подразбира подлабока економска интеграција на регионот, засега три држави: Србија, Албанија и Северна Македонија. Пристапувањето кон иницијативата е отворено и за другите економии од Западен Балкан.

Извор: blic.rs