(ВИДЕО) Голем пожар во Анталија – Во хотелите нема струја и вода, жителите се евакуираат – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/21 6:14 PM

(ВИДЕО) Голем пожар во Анталија – Во хотелите нема струја и вода, жителите се евакуираат

Во близина на турскиот приморски град Манавгат, во близина на Анталија околу 12 часот избило голем шумски пожар.

Пожарот избил во шума недалеку од Анталија. Поради близината на туристичките места, во хотелите нема струја и вода.

 

Две села целосно изгореле, а како што пренесуваат медиумите, евакуацијата на населението е во тек.

Се уште не се знае дали има жртви. Ветерот носи пламен и огнената стихија се шири, иако пожарникарите се обидуваат со хеликоптери да го изгаснат пожарот.

 

Извор: Србијаданас.ком