Пукање пред угостителски објект во Сарај, двајца ранети – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/21 3:46 PM

Пукање пред угостителски објект во Сарај, двајца ранети

Денеска во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ќ.(23), М.Ќ.(30) и Г.Ќ.(25), сите од с.Бојане, скопско, поради сомнение дека на 27.07.2021 околу 22.40 часот, пред угостителски објект во с.Сарај, учествувале во нарушување на јавниот ред и мир, поради претходно меѓусебно нетрпение, во кое биле употребени огнено оружје и остар предмет, информираат од МВР.

Притоа со повреди од огнено оружје се здобил В.Ќ., a со повреди од остар предмет Ф.М., по што биле пренесени во Градска општа болница „8 Септември“, односно во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Трите лица биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.