Апарат за испитувања на бубрези, тироидна жлезда, венска циркулација и малигни заболувања ставен во функција во болницата во Битола – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/21 2:31 PM

Апарат за испитувања на бубрези, тироидна жлезда, венска циркулација и малигни заболувања ставен во функција во болницата во Битола

Нов апарат кој служи за функционални испитувања на бубрезите, тироидната жлезда, венската циркулација и испитувања на малигните заболувања е ставен во функција во Клиничката болница во Битола. Тоа е таканаречена спек камера, која со донација преку проектот на Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена, првпат ја добива болницата во Битола заедно со апарат за компјутерска томографија.

Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче по посетата на болницата, кој посочи дека пациентите кои имаат потреба од ова испитување нема веќе да треба да патуваат во Скопје.

– Значи голема бројка на жители не само во Битола, туку и во целокупниот овој регион ќе ја користи експертизата на лекарите кои со години работат тука сега и со нов апарат што нуди посебен дополнителен квалитет на здравствената услуга, рече Филипче.

Тој потенцира дека со директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска разговарале и за некои други аспекти и предизвици во секојдневното функционирање, како и во однос на платите и вакцинацијата.

– Сега вработените во болницата во Битола ги чекаат оние други зголемувања, дополнителна сума на средства што потекнува од зголемувањето на платите, пет проценти месечно за последните два месеци и тоа треба да стигне во следниот период и понатаму да продолжи на месечна основа, тоа е оној додаток за работа со Ковид пациенти што доцнеше неколку месеци, па сега се исплаќа, истакна Филипче и додаде дека со Гагачовска разговарале и за процесот на вакцинација.
Битолската болница, посочи министерот, е една институција која што навистина може да се пофали со висок опфат на вакцинација на вработените, некаде помеѓу 75 и 80 проценти од сите вработени се вакцинирани, што е одличен знак дека здравствениот персонал тука е прилично добро заштитен.

– Нов апарат кој служи за функционални испитувања на бубрезите, тироидната жлезда, венската циркулација и испитувања на малигните заболувања е ставен во функција во Клиничката болница во Битола. Тоа е таканаречена спек камера, која со донација преку проектот на Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена, првпат ја добива болницата во Битола заедно со апарат за компјутерска томографија.

Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче по посетата на болницата, кој посочи дека пациентите кои имаат потреба од ова испитување нема веќе да треба да патуваат во Скопје.
– Значи голема бројка на жители не само во Битола, туку и во целокупниот овој регион ќе ја користи експертизата на лекарите кои со години работат тука сега и со нов апарат што нуди посебен дополнителен квалитет на здравствената услуга, рече Филипче.

Тој потенцира дека со директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска разговарале и за некои други аспекти и предизвици во секојдневното функционирање, како и во однос на платите и вакцинацијата.

– Сега вработените во болницата во Битола ги чекаат оние други зголемувања, дополнителна сума на средства што потекнува од зголемувањето на платите, пет проценти месечно за последните два месеци и тоа треба да стигне во следниот период и понатаму да продолжи на месечна основа, тоа е оној додаток за работа со Ковид пациенти што доцнеше неколку месеци, па сега се исплаќа, истакна

Филипче и додаде дека со Гагачовска разговарале и за процесот на вакцинација.

МИА