Пливачката Миа Блажевска Еминова го заврши настапот на Олимписките игри во Токио откако се пласираше на 40. место од 52 натпреварувачки на 100 метри слободно.
Таа го освои првото место во својата квалификациска група со време од 57,19 секунди, но недоволно да се пласира во полуфиналето.
Австралијанка Ема Мекион постави нов олимписки рекорд во квалификациите, откако исплива со време 52.13 секунди.