Вака подготвените пиперки можете да ги послужите топли или ладни, со јогурт или со сезонска салата, изборот е ваш!
Состојки:
8 пиперки
300 грама сирење
2 јајца
2 домата
сол и бибер
малку зејтин
магдонос
Подготовка:
Измијте ги пиперките, извадете ја дршката и отстранете ги семките, па пресечете ги на половина. Редете ги во подмачкан плех.
Во чинија заматете јајца, додате им павлака, сирење, сол и бибер, па добро изматете ја смесата. Со оваа смеса полнете ја пиперката.
Измијте го доматот, исечете го на кругови и ставете ги одозгора врз пиперката. Попрскајте ги пиперките со масло и ставете да се печат во рерна на 180 степени . По желба, украсете ги пиперките со магдонос.
Служете ги со јогурт или сезонска салата.
Добар апетит!