Трамп повторно цел на потсмев на социјалните мрежи поради гаф – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/18 10:10 AM

Трамп повторно цел на потсмев на социјалните мрежи поради гаф

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно е цел на потсмев на социјалните мрежи, поради печатна грешка во една од своите објави на Твитер, каде што наместо „text messages“ (текстуални пораки), тој напиша „text mаssages“ (текстуални масажи).

„Текстуални масажи? 3вучи по малку настрано“, „Кој е за текстуална масажа? Звучи интересно“, „Сакам бесплатни текстуални масажи од ФБИ“, се дел од шегите во коментарите од следачите на Трамп на Твитер.

По 30-на минути, објавата беше избришана и заменета со друга, што повторно содржи печатна грешка. Овојпат, претседателот на САД беше напишал „it’s” наместо „its” („негова“, без надреден знак), честа грешка кај оние кои пишуваат на англиски.