Во Косово уапсен рапер оти пушел „трева“ на бина – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/18 10:06 AM

Во Косово уапсен рапер оти пушел „трева“ на бина

Раперот Екшн Бронсон е уапсен во Косово бидејќи на сценски настап пушел марихуана на бината.

Според полициските извештаи, раперот ја запалил „цигарата“ и кусо потоа ја фрлил во публиката. Марихуаната е забранета во Косово, па секако – Американецот завршил в притвор.

Портаот „ТМЗ” наведува дека најверојатно ќе има само формално обвинение, и Екшн наскоро ќе може да замине од Косово.