Штетните УВ зраци може да ни го загрозат здравјето: Кои делови забораваме да ги заштитиме од сонцето? – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/21 9:15 AM

Штетните УВ зраци може да ни го загрозат здравјето: Кои делови забораваме да ги заштитиме од сонцето?

Кога нанесуваме крема со заштитен фактор, вообичаено ја нанесуваме на лицето, но забораваме на некои други клучни делови од телото, кои исто така треба да ги заштитиме од интензивните сончеви зраци. Со доаѓањето на летото и сеќ појакото сонце, лицето треба да го заштитиме со соодветна крема, меѓутоа не треба да „прескокнеме“ и некои други делови.

Уши

Според анализата на списанието на Здружението за рак на кожата, ушите се трето најчесто место на кое се јавува карцином на базалните клетки, помалку агресивна форма на рак на кожата. Ваквиот тип на рак учествува со 80 отсто во случаите на карцином кои не се предизвикани од меланом.

Теме

Иако кај жените кожата на темето најчесто е заштитена со косата, дамите со посветла коса и мажите кои имаат делови на главата без коса, секако треба да нанесат крема за сончање. Наместо тоа, добра алтернатива е и носењето капа или шешир.

Горната страна на стопалата

Горниот дел на стопалата и прстите се делови од телото кои се директно изложени на сонце, но често забораваме да ги заштитиме со крема. Пред да излезете од дома, задолжително нанесете водоотпорна заштита.

Задниот дел од коленото

Овој дел од ногата често го занемаруваме, а всушност на тој дел кожата е тенка и доколку лежиме на стомак додека се сончаме на плажа, може да изгориме.

Усните

Додека нанесуваме балсам, често забораваме дека и на усните им е потребна УВ заштита во текот на летото. Набавете балсам или кармин со заштитен фактор и нанесувајте го неколку пати во текот на денот.

 

Фото: Илустрација / Pixabay

Извор:    republika.rs