Пред неколку дена, организаторите на Олимписките игри го отфрлија барањето на Новак Ѓоковиќ да ги одложат термините на тениските натпревари за попладне поради страшната жештина во Токио.
Тенискиот турнир продолжи според веќе испланираниот план и проблемите продолжија!
Русинот Данил Медведев вчера повторно укажа на нехуманите услови во кои тенисерите играат и тоа на драстичен начин на Олимписките игри, а шпанската тенисерка Пола Бадоса го предаде четвртфиналниот натпревар поради големата жештина и го напушти теренот во инвалидска количка!
За време на натпреварот со Италијанецот Фабио Фоњини, кој започна во 11 часот по локално време – на над 30 степени Целзиусови под сенка – Медведев изгледаше многу лошо, па во еден момент судијата го праша дали е добро.
– Можам да го завршам натпреварот, но ако умрам, кој ќе ја преземе одговорноста – праша Медведев и ја шокираше јавноста.
a very metal moment in the Olympic tennis just now as Medvedev casually asks what happens if he dies on the court pic.twitter.com/kotZxePtEw
— Timothy Burke (@bubbaprog) July 28, 2021
На крајот, Медведев го победи Италијанецот Фабио Фоњини со 6: 2, 3: 6, 6: 2 во три сета и се пласираше во четвртфиналето.
Уште подрастична ситуација се виде на натпреварот помеѓу Паула Бадоса и Маркета Вондрусова. Шпанската тенисерка поради големата жештина се предаде на Маркета и моментот кога Чехот водеше со 1: 0 во сетови (6: 3).
Oh no. Paula Badosa retires down 3-6 to Marketa Vondrousova. Struggling with the heat (still schedule dto play mixed doubles today). Such brutal conditions…
Svitolina-Vondrousova for an Olympic medal tomorrow.
— José Morgado (@josemorgado) July 28, 2021
Бадоса неколку пати се консултирала со лекарите, но огромната влажност (72 проценти) и топлината многу влијаеле врз неа, па доживеала топлотен удар, пренесува Спортклуб.рс
На крајот Бадоса во количка ја изнеле од теренот.
Paula Badosa is forced to retire due to heat 🙃.
These scenes 👇💔 #Tennis #Tokyo2020 pic.twitter.com/WS73ZlkXGi
— Hari Priya CR (@cr_hariPriya) July 28, 2021
Извор: Блиц.рс