Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ц.(21) од струшкото село Октиси, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, казненото дело го сторил на 27-ми минатиот месец, пред семејната куќа на Н.Б. во Струга.
– Почнал вербална расправија со Н.Б. за неисплатен паричен долг, а потоа и физички го нападнал. Во еден момент, од седиштето на скутерот извадил нож и се упатил кон оштетениот со намера да го нападне, но притоа бил спречен од соседите, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.