Американската ријалити ѕвезда Парис Хилтон е бремена и го чека своето прво дете со свршеникот Картер Рум
Картер отворено зборуваше за желбата да основа семејство со Париз, а на почетокот на оваа година откри дека неговата свршеница била на ин витро оплодување, пишува „Пејџ Сикс“.
„Постојано зборуваме за планирање на венчавката и планирање имиња за нашите бебиња и сето тоа“, рече неодамна Парис.
Тимот на ријалити ѕвездата одби да ја коментира веста за нејзината бременост.
Како што откри во едно интервју, таа се решила на тој чекор за да се осигура дека ќе добие близнаци – девојче и момче.
„Одлучивме да го сториме тоа затоа што на тој начин можам да добијам близнаци“, рече таа.
Американската ријалити ѕвезда Парис Хилтон го запроси своето момче Картер Рум, на 17 февруари, точно на денот кога наполни 40 години.
„Нејзиниот последен свршенички прстен има најмалку 15-20 карати и е инспириран од Ајфеловата кула. Цената е скоро 2 милиони долари “, рече Кетрин Мани, која продава дијамантски прстени во компанијата „Brilliant Earth“.
Oва е четврта свршувачка на Парис Хилтон, откако се сврши во 2002, 2005 и 2018 година, а фановите се надеваат дека овој пат конечно ќе се омажи.
Извор: Нова.рс