Традиционално „добредојде“ за Макрон на Тахити – Што се крие зад урнебесната фотографија? – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/21 4:00 PM

Традиционално „добредојде“ за Макрон на Тахити – Што се крие зад урнебесната фотографија?

Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата ја посети Тахити, на турнејата по поранешните колонии во Пацификот.

По пристигнувањето во главниот град на Тахити, Макрон беше пречекан со руда, што го симболизира традиционалниот чувар на полинезиската култура.

Во еден момент, Макрон беше покриен со цветни венци, што предизвика смешни реакции на социјалните мрежи.

Сепак, фотографијата на која е покриен со венци од колено до грло е резултат на манипулација во Фотошоп, што многу корисници на Твитер брзо ја забележаа.

Во фокусот на посетата беа климатските промени, растечкото влијание на Кина во пацифичкиот регион и наследството на француските нуклеарни тестови во тој дел од светот, кои и натаму се извор на длабоко незадоволство кај локалното население.

Извор: Новости.рс