Дури и една недела по сончањето, кожата почнува да бледнее, а ова се трикови како да ја одржувате кожата затемнета што е можно подолго.
Хидратација
Првиот и најважен совет за одржување на тен по одморот е хидратацијата. Хидратацијата спречува лупење на кожата.
Сонцето е главната причина за сушење на кожата затоа хидратацијата никогаш не е доволна.
Треба да ја хидрирате кожата пред, за време и по сончање. За најдобри резултати, набавете путер за тело, масла или лосиони со хијалуронска киселина.
Покрај надворешната хидратација, важна е и внатрешната хидратација. Треба да пиете што е можно повеќе вода и вашата кожа ќе биде хидрирана, а со тоа и поздрава. Здравата кожа значи и подолг животен век на клетките на кожата, вклучувајќи ги и оние со изгореници од сонце. Не заборавајте да пиете околу два литра вода на ден.
Туширање
На чувањето на тенот влијание има и туширањето.
Многу е подобро изгорената кожа да се истушира со топла или млака вода. Избегнувајте прегреана вода и топли бањи бидејќи тоа ќе ја исуши кожата. За уште подобар резултат, препорачливо е да користите навлажнувачки крем или масло за туширање наместо гел или пена.
Мртвите клетки на кожата можат да го нарушат природниот сјај на кожата, па затоа треба да се отстранат. Меланинот што предизвика кожата навистина да потемне не може да се отстрани со лесно стружење на кожата, така што тука нема страв. Ова ќе го сторите ако користите пилинг што е всушност комбинација на шеќер или сол во комбинација со масла.
Неопходно е да се вклучи храна со бета каротен во исхраната. Тоа е пигмент кој ќе ви го врати сјајот на кожата, а го има во морковот, слаткиот компир.
Со овие совети вашиот тен ќе трае што е можно подолго.
Извор: Курир.рс