Дејан Георгиевски имаше уште еден одличен настап на ЛОИ во Токио откако утрово стигна до втората победа, овојпат во четвртфиналето каде што го совлада Сејду Гбане со 9-4 за пласман во полуфиналето на таеквондо турнирот.
Нашиот олимпиец и противникот тактички се надмудруваа во првата рунда која заврши без поени. Потоа Георгиевски поведе со 3-1 за водство на крајот од втората рунда. Гбане израмни на 4-4, но Дејан со одлична серија од пет поени во рок од дваесетина секунди обезбеди предност и со конечни 9-4 се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри.
За пласман во големото финале Дејан Георгиевски во 9.45 часот ќе се бори со Кореецот Ин кој е второрангиран на олимпискиот турнир.