Се фотографираат за Инстаграм, па ја враќаат купената облека – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/18 8:22 AM

Се фотографираат за Инстаграм, па ја враќаат купената облека

Во обид да изгледаат модерно и во тренд, многу луѓе купуваат гардероба онлајн, но ја враќаат следниот ден, откако ќе направат совршена фотографија за на Инстаграм.

Истражувачите од „Барклејкард“ откриваат дека скоро еден меѓу десет Британци имаат купено облека онлајн со намера да ја носат само за фалење на социјалните мрежи.

Според истражувањето, тоа најчесто го прават мажи и жени на возраст меѓу 35 и 44 години. Интересно е и тоа што, според истражувањето, мажи почесто купуваат „гардероба за на Инстаграм“.