Малолетник со рана од огнено оружје итно пренесен во тетовската болница, информираат од полицијата.
-Вчера во 15.06 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека во Хирушкото одделение бил донесен 17-годишник од с.Пирок, општина Боговиње, со рана од огнено оружје во пределот на градите. По преземени мерки било утврдено дека во домот на Ј.М. во с.Пирок, кој бил во Швајцарија, неговиот син и повредениот малолетник го пронашле пиштолот и додека синот на Ј.М. го држел пиштолот испукал еден куршум. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.


