Лука Дончиќ не е од оваа планета: Словенецот и уфрли 48 поени на Аргентина во дебито на Олимписките игри – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/21 8:59 AM

Лука Дончиќ не е од оваа планета: Словенецот и уфрли 48 поени на Аргентина во дебито на Олимписките игри

Се што работеше на НБА терените оваа сезона, Лука Дончиќ го донесе во Токио! Словенија со 118-100 ги сруши Аргентинците во историското деби на Олимпискитеи игри, а кошаркарот на Далас маверикс, постигна 48 поени поени покрај 11 скокови и пет асистенции.

Победата на Словенија воопшто не беше под знак прашалник затоа што по првото полувреме водеше со огромни плус 20 поени.

Словенија во следното коло игра против Јапонија (29 јули) додека за првото место во групата ќе се бори со Шпанија (1 август).

Ова беше 14 натпревар за Лука Дончиќ за Словенија на големите натпреварувања заедно со Еуробаскет 2017 и квалификации за ОИ, а репрезентацијата не загуби ниту еден благодарение на него.

– Дајте му на Лука Дончиќ четворица играчи за валканите работи и тоа е пеколна екипа – изјави селекторот на САД, Грег Попович.

И во право е. Додека ѕвездите на САД се мачат, Дончиќ прави магија на теренот без некој соиграч што на секој меч постигнува најмалку 20 поени, какви што има во редовите на „дрим-тимот“.

 

Извор: 24sata.hr

Фото: 24sata.hr/Brian Snyder