Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Сhttps://www.youtube.com/watch?v=4IdJSNNNN5Uкопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 118 санкции, 26 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за возач почетник.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.