На Игрите во Рио мислеше на секс, сега во Токио дојде по олимписки медал – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/21 8:45 PM

На Игрите во Рио мислеше на секс, сега во Токио дојде по олимписки медал

Бразилката Ингрид Оливеира пред пет години на Игрите во Рио де Жанеиро не се прослави по својот настап во скокови во вода, туку повеќе по „настапот“ во олимпиското село.

Ингрид (25), спортистката која имаше маратонски секс со колега во текот на Олимпијадата во Рио, објави фотографија дека е во Токио и е подготвена да се бори за медал скокајќи од платформата висока 10 метри.

Џована Педроса после ЛОИ 2016 година, незадовлна со осмото место во синхронизирани скокови и откри на јавноста дека Ингрид Оливеира цела ноќ имала секс со кајакарот Педро Гонсалвеш што значајно влијаело на нивниот резултат. Бидејќи цимерката била исфрлена од собата, двајцата поминале бурна ноќ. Оливеира ова го демантираше, но нема докази ниту за едно од тврдењата.

– Да, го одведов Педро во соба, но никого не исфрлив од неа. Не ме дисквалификуваа од Олимписките игри како што се зборуваше. Правевме тоа што и многу други, сакавме нешто повеќе“, рече при една прилика Ингрид која сега во Токио има можност да го поправи впечатокот. Таа е една од четирите бразилски пливачки во дисциплината скокови во вода.

Извор: Mondo.rs

Фото: Gazeta Esportiva,