Јапонија измисли кошаркарски робот кој не промашува за тројка – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/21 5:41 PM

Јапонија измисли кошаркарски робот кој не промашува за тројка

Домаќинот на Олимписките игри, Јапонија е земја која технолошки можеби е пред сите во светот и собирот на најдобрите спортисти во светот во Токио го искористи да го промовира својот најнов изум – робот специјалист за тројки.

На Твитер се појави видео од полувремето на натпреварот помеѓу САД и Франција на кое „триколорите“ славеа без многу проблеми, а Јапонците го промовираа својот робот.

Машината даде тројка од линијата без грешка, реализираше повторно и потоа успеа да постигне кош од центарот на теренот.

фото: ESPN