Стоп за извршителите и лихвата – Протест пред домот на Ристе Бањеглав во Долни Балван – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/21 4:00 PM

Стоп за извршителите и лихвата – Протест пред домот на Ристе Бањеглав во Долни Балван

Пред домот на Ристе Бањеглав во Долни Балван кој пред неколку дена беше приведен од полицијата затоа што не им дозволуваше на извршителите присилно да го отселат од својот дом, се одржа протест „Стоп за извршителите, стоп за лихвата, стоп за криминалната спрега“.

„Извршувањето во Македонија е нехумано, Македонија е дефинирана како социјална држава, но тие луѓе на кои им е одземен кровот над глава немаат алтернатива како во Германија па веднаш да бидат преселени во социјални станови, да им биде понудена работ.Тука се работи за земјоделец кој ја знае најдобро својата работа. Има многу такви, не е само Ристе Бањеглав. Дојдени сме тука поради огромната бројка на луѓе кои се блокирани, огромната бројка на луѓе на кои им е одземен имотот и огромната бројка на луѓе кои од своите сметки одвојуваат големи суми на пари за извршители“, истакна на протестот.

Организаторите велат дека основното јавно обвинителство имало огромен број на кривични пријави кои не ги процесуира, дел по службена должност, дел приватни, против извршители, нотари и против судии.

„Судскиот совет не го мрда ниту малиот прст. Ние сме тука да го разбудиме основното јавно обвинителство, да го разбудиме МВР кое треба да размисли дали смее да праќа крим-техника при обична граѓанска арница. Дали треба да се притвораат луѓето на кои им се извршува или постои друг начин похуман и почовечен. Дали мора тоа да го гледаат дечиња од четири до седум години? Каде се здруженијата за заштита на децата, кај се луѓето кои ги штитат другите луѓе?“, порачаа на протестот.

Извор: МнетХД