Млад гостин бил тешко ранет во физичката пресметка која синоќа се случила на свадба во Бања Лука кога кумот го прободел со нож во окото.
Според сведоците, на овој крвав напад му претходела расправија околу изборот на музиката.
„Свадбата беше мала и се беше во ред додека во еден момент не почнаа да се расправаат околу музиката. Во тоа туркање, наводно кумот со нож убодел некој во око, а некои реле дека виделе и пиштол“, сведочел за Српскаинфо еден од гостите на свадбата.
Според неофицијалните информации, младото момче со убодна рака било примено во Ургентниот центар УКЦ РС каде што му била укажана помош.
Извор: Mondo.rs