Браво! Ноле на ОИ сруши два рекорда – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/21 9:57 AM

Браво! Ноле на ОИ сруши два рекорда

Интересен факт објавија статистичари за тенис. Тие велат – Новак Ѓоковиќ има најголем процент на победи во однос на бројот на одиграни натпревари во историјата на тенисот.

Новак се наоѓа на 83,35 проценти, што го надмина Рафаел Надал, кој достигна процент од 83,15 проценти во текот на неговата кариера.

Од одиграни 1.164 натпревари, Новак славеше 969 пати и загуби 195.
Сепак, тоа не е сè. Новак сега може да биде горд на уште едно достигнување. Тој го прескокна Роџер Федерер кога се во прашање натпреварите на тврда подлога.

По првото коло на олимпискиот тениски турнир, Новак го престигна Федерер, кој имаше процент на победи на бетон од 83,13 проценти, а Ноле по дуелот со Делиен достигна бројка од 84,66 проценти.

Извор: novosti.rs