Македонската џудистка Арбреша Реџепи утринава по македонско време беше поразена во првата рунда на натпреварите во категоријата до 52 килограми со што го заврши настапот на Летните олимписки игри во Токио.
Реџепи доживеа пораз во борби од Британката Челси Џил која славеше со ипон.
Вчера Борјан Бранковски заврши на 21. место во квалификациите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушен пиштол со нов национален рекорд, а пливачот Филип Деркоски беше последен во квалификациите на трката на 400 метри слободно.