Одржувањето на здрава љубовна врска воопшто не е едноставно, а секогаш е важно да имате трпение и волја. Па токму затоа ви носиме четири совети на кои Французинките се придржуваат како љубовната искра да не згасне.
1. Фокусирајте се еден на друг
Секојдневно ова е тешко да се постигне, но многу е важно да одвоите време само за вас двајца. Работата, грижите, обврските, децата, пријателите и семејството можат д апочекаат барем еден час. Бидејќи ако не можете да си посветите барем малку време еден на друг, вашата љубовна искра полека ќе почне да се гаси.
2. Патувајте заедно
Променете ја долгогодишната рутина со патување или одмор. Само вие двајца, па макар тоа да биде и за еден викенд. Локацијата не е толку важна, колку што е важно вие двајца да бидете сами и да се потсетите зошто сте се заљубиле и сте одлучиле заедно да го поминете остатокот од животот.
3. Не занемарувајте ја улогата на долната облека
Французинките се светски познати по својот стил на облекување и по тоа што голема важност и даваат на долната облека. Така што во нивниот гардеробер секогаш се наоѓаат неколку убави чипкасти градници и долна облека. Иако не се чини толку важно, долната облека е добра за да го изненадите вашиот партнер.