(Видео) Срцето и е на десната страна наместо на левата – Девојка случајно ја дознала шокантнта дијагноза – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/21 3:34 PM

(Видео) Срцето и е на десната страна наместо на левата – Девојка случајно ја дознала шокантнта дијагноза

Девојка по име Клер Мек, на социјалната мрежа ТикТок, раскажа како отишла на лекар поради повреда и живото и се сменил.

Отишла на лекар да прими тетанус затоа што била прободена во жицата, а потоа открила дека срцето и е на десната страна.

Младата 19-годишна девојка се пожалила кај докторот дека има постојана кашлица, која ја лекувала со антибиотици, а наодите од скенирањето на белите дробови биле изненадувачки.

Докторката и рекла дека нејзиното срце е од десната страна, а не од левата страна.

– Докторката изгледаше многу шокирано и ме праша: Дали знаевте дека срцето е на десната страна, наместо на левата? Бев збунета и почнав да се смеам затоа што не и верував. Таа ми објасни дека состојбата се вика декстрокардија и дека треба да го информирам мојот лекар за тоа.
Постојано ја прашував дали е сериозна затоа што бев шокирана и збунета што до сега тоа не го знаев – открила Клер на видеото.

Декстрокардија е многу ретка состојба која погодува помалку од еден процент од луѓето. Нејзините родители исто така биле шокирани.

– Татко ми полуде, а на мајка ми и беше смешно што не знаела до сега. Никогаш не направив рентген на белите дробови, па не можев да знам дека моето срце е на спротивната страна од нормалното. Матичниот лекар еднаш за време на прегледот ми рече дека срцето може да се чуе погласно од десната страна, но очигледно дека не може да дијагностицира декстрокардија врз основа на тоа – заклучи оваа девојка.

 

@masterwp023#😀 #foryoupage #foryou #meme #forypagee

♬ Originalton – Rimuru Tempest