Три дена бил заробен: Маж спасен од поплавената подземна гаража во Кина – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/21 2:54 PM

Три дена бил заробен: Маж спасен од поплавената подземна гаража во Кина

Ли Јонгшенг беше спасен во централна Кина откако помина три дена заробен во поплавена подземна гаража по обилните дождови, додека најмалку четири тела беа пронајдени по сушењето на тунелот, објави денеска кинеската државна телевизија.

Бројот на загинати се искачи на 58 откако рекордните дождови го погодија градот Џенгжу во вторникот, јавува телевизијата повикувајќи се на заменик-директорот на Одделот за вонредни состојби на провинцијата Хенан, Ли Чангсун.

Во меѓувреме, спасувачите со булдожери и гумени чамци ги евакуираа жителите на областите кои сè уште се под вода.

 

Извор: Курир.рс