Вчера околу 12.30 часот, во атарот на с.Мислешево, струшко, полициски службеници од ОВР Струга и регионалниот центар за гранични работи Запад пронашле насади од растението „Канабис сатива“, информираат од МВР.
Пронајдените стебла биле подигнати за понатамошна постапка, а по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.