Не тргнувајте на пат преку Галичица – сообраќајот затворен секој ден – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/21 7:34 AM

Не тргнувајте на пат преку Галичица – сообраќајот затворен секој ден

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај секој ден на делницата од Баба до Царина – (преспанска страна) од 08.00 до 17.00 часот, поради изведување градежни работи на пат – (реконструкција на коловозната конструкција).

Како што соопшти ЈП Македонија пат, по 17.00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација.

Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во девете насоки.

МИА