Полицијата во Будва распишала потерница по Београѓанинот Л.Б.(20) кој околу еден час по полноќ, возејќи со голема брзина, со автомобилот удрил во шест пешаци. Повредени се четири државјани на Србија, како и двајца државјани од Македонија, жители на Охрид. Сите се полесно повредени и префрлени во болницата во Котор, пренесува „Вјести“.
Полициска патрола во четвртокот навечер ги блокирале излезите на градот, откако е пронајдено БМВ на патот кај Топлиш, кое Л.Б. го оставил бегајќи од полицијата.
Откако ги прегазил, тој побегнал и преку Топлиш сакал да замине од Будва, но откако видел дека градот е блокиран, направил уште една сообраќајна несреќа околу 1:20 часот на Јадранската магистрала каде што удрил во Тојота, а потоа и уште неколку паркирани возила, по што излегол од автомобилот и побегнал, пренесува Танјуг.
Полициската акција е во тек и се трага по момчето.
Извор: Политика.рс