Полицајци од Полициското одделение – Шуто Оризари ги лишиле од слобода М.М. (19) и С.Б. (23), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение дека на 14 јануари 2021 извршиле кривично дело „тешка кражба“ од домот на К.Д. (35) од Скопје, информираат од МВР.
– По спроведени мерки и активности било констатирано дека трет соучесник во кривичното дело е А.Д. (19), кој од пред 10 дена е на издржување на затворска казна. Во врска со случајот бил повикан и Д.М. (33) од Скопје, кој ги откупил предметите претходно украдени од трите лица и од него се одземени дел од нив и ќе бидат вратени на сопственикот, се наведува во соопштението на полицијата.
По документирање на случајот против М.М., С.Б. и А.Д. ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичнито законик за „тешка кражба“, а против Д.М. по член 261 „прикривање“ од Кривичниот законик.