Утрово на церемонијата кај претседателот Стево Пендаровски, кој со високо државно одликување „Орден за заслуги за државата” ги одликува постхумно писателот Горан Стефановски, пејачот и актер Зафир Хаџиманов, професорот Ремзи Несими, како и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, покрај членовите на нивните семејства присуствуваа речиси сите министри.
На Водно кај претседателот пристигнаа Венко Филипче, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ, Благој Бочварски, Бујар Османи, Фатмир Бесими и Горан Милески и поради горештината, додека да почне церемонијата на доделување на ордените, сите застанаа под сенка на специјално наместените чадори. Мегу последните пристигна председателот на Парламентот, Талат Џафери, кој кога ги виде министрите наредени под сенка, во шега им рече:
-Што е ова, народот на сонце, а политиката во сенка?! Ајде, излегувајте и вие на сонце“, ги искара на шега Џафери министрите.
На шегата на Џафери сите се изнасмеаја, но во ист стил возврати само мистерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
-Предлог на ДУИ е да седиме во сенка, рече Милевски и секако сите ги насмеа.
Набргу пристигна премиерот Заев и сите заедно со Џафери и министрите се упатија на местата, бидејќи церемонијата за доделување на високото државно одликување требаше да започне.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски