Велика Британија е на работ на нов хаос, соочена со третиот бран од коронавирусот. Граѓаните, во страв од нови затворања и недостатоци, ги опустошија големи маркети низ целата земја.
Храна, вода, средства за хигиена буквално исчезнаа од полиците, па снимките од продавниците што се споделуваат на социјалните мрежи ужасно потсетуваат на паниката и хаосот низ кој веќе поминуваа Британците на почетокот на пандемијата. Шокот е поголем затоа што Англија требаше да го означи крајот на ограничувањата за заклучување на пандемијата на 19 јули, бидејќи е постигнат напредок во вакцинирањето на населението против ковид-19. За жал, дојде до пресврт.
Empty shelves seen in supermarkets as public warned ‘don’t panic buy’ as #pingdemic cripples Britain pic.twitter.com/0j811H36pl
— The Sun (@TheSun) July 22, 2021
Паралелно со олеснувањето на ограничувањата, Велика Британија се соочи со трет бран на коронавирусни инфекции, додека многу заразната делта варијанта се шири низ целата земја. Рекорден број на луѓе кои стапиле во контакт со заразено лице се во самоизолација, повеќето од нив откако ги „закачила“ апликацијата за пребарување контакти на Националната здравствена служба.
„Пингдемијата“, како што беше наречена, произведе огромни тензии меѓу населението, но исто така и нарушувања во деловните и критичните услуги што се закануваат да ги поткопаат напорите за заживување на економијата, која сè уште закрепнува од најдлабоката рецесија во последните 300 години.
Извор: Информер.рс