Шпанија ќе донира 7,5 милиони дози вакцини – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/21 11:51 AM

Шпанија ќе донира 7,5 милиони дози вакцини

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез изјави дека државата оваа недела ќе почне со донација од 7,5 милиони дози вакцини против ковид-19. Вакцините пред се’ ќе им бидат донирани на земјите од Латинска Америка.

Во интервју за шпанското издание на CNN во текот на посетата на Лос Анџелес, Санчез најави дека вакцините ќе бидат дистрибуирани преку механизмот Ковакс до крајот на годината – пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека шпанската влада ги замолила кубанските колеги да почнат со реформи за да му помогнат на својот народ.

Според професорот Жан Франсоа Делфрејзи, кој е советник во француската влада пак, враќањето кон нормалниот живот по пандемијата со ковид-19 можеби нема да биде можно до 2022 или дури и 2023 година.

Тој исто така за TV BFM посочи дека Франција на почетокот на август би можела да достигне бројка од 50 илјади новозаразени на дневно ниво – пренесе Ројтерс. Тој прогнозираше и дека четвртиот бран на вирусот би можел да ги погоди француските болници во втората половина на август.

 

Фото:  Архива

Извор:   rtv.rs