Пред пет години,светот на Кимберли Холмес Иверсон се срушил кога нејзиниот сопруг Рашид трагично настрадал во несреќа која се случила на само неколку метри од нивниот дом. Нивниот сон да се остварат како родители се срушил само во еден ден. Меѓутоа, Кимберли се досетила да ги праша лекарите дали постои можност да се земат спермални клетки од нејзиниот покоен сопруг.
„Неколку часа откако почина Рашид ги замолив своите пријатели да се распрашаат за тоа дали би можела да побарам такво нешто од докторот“, раскажала жената. Се покажало дека тоа е всушност можно. Лекарите зеле генетски материјал од рашид и го замрзнале, а Кимберли отишла на вонтелесно оплодување пет години по смртта на нејзиниот маж.
Своето искуство таа го опишала во книга откривајќи дека за време на бременоста ја зпаознала својата нова љубов – Даријен.
Даријен е неверојатен и полн со љубов, нему воопшто не му пречи што родив дете од покојниот сопруг – наведува Кимберли.
Во мај годинава, таа ја родила ќеркичката Киран. Таа објави фотографија од нив двете и напиша емотивна порака.

Сакам да им се заблагодарам на сите пријатели кои беа покрај мене кога ми беше најтешка и кои ја поддржаа оваа одлука. Вие ме држевте за рака низ ова патување, на кое го запознав човекот на мојот живот. Ќе родам уште деца, тоа е сигурно, и од покојниот сопруг, и од Даријан – напиша Киран.
Извор: telegraf.rs


